И после Брегзит, Велика Британија останува отворена за образованите доселеници

nj.jpg

На минатонеделниот Светски економски форум оддржан во швајцарскиот град Давос, министерот за финансии на Велика Британија Филип Наммонд, изјави дека и по излегувањето на неговата земја од ЕУ, вратата за странските студенти кои се школуваат на најдобрите универзитети ќе остане отворена.

Представници на Универзитетот Оксфорд го поредупредија британскиот министер за можните последици од британското излегување од ЕУ врз науката и истражувњето, при што Хаммонд нагласи дека најталентираните и најдобрите се секогаш добродојдени.

Моравме да го намалиме бројот на доселеници на завршните училишта, искрено речено, вработените во дејности кои не бараат никакви квалификации. Сите кои дипломирале на „Оксфорд“ и се вработиле на работни места со потребните високи квалификации имаат право да останат во Велика Британија, изјавил министерот за финансии на Велика Британија кој дипломирал на универзитетот во Оксфорд.

Сличен ваков став еден ден претходно изнесе и британската премиерка Тереза Меј која ги уверувала новинарите дека Велика Британија и по референдумските одлуки за излез од унијата е отворена за соработка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail