ИАЕСТЕ Надворешен конкурс за аплицирање на стручни пракси

IAESTE-Nadvoreshen-konkurs-za-apliciranje-na-struchni-praksi.png

ИАЕСТЕ Надворешен конкурс за аплицирање на стручни пракси

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија го распишува Надворешниот Конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети, при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46те најразлични пракси ширум светот. Првиот круг на конурирање ќе трае од 20.02.2017 (понеделник) до 03.03.2017 (петок). По електронското пријавување, документите може да ги доставите во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија секој работен ден од 12 до 14 часот. Сите детали во врска со аплицирањето на пракса, потребните документи, како и самите пракси разгледајте ги на следниов линк. За новости поврзани со конкурсот следете на официјалната фејсбук страна.

За повеќе информации во врска со ИАЕСТЕ праксите, начинот на аплицирање и сите детали за Вашата посакувана пракса, Ве покануваме да бидете дел од Информативниот Состанок кој ќе се одржи на 27.02.2017 (понеделник) во 18:30 часот во просториите на ФЕИТ/МФС, фб евент .

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail