man_machine.jpg

На „CES 2018“, Бриџит Карлин од „IBM“, во панел заедно со Нед Финкл од „Nvidia“, зборуваше за нешто што возбудува многу луѓе денес: промената на работната сила во иднина, кога вештачкиот интелект (ВИ) и роботите, ќе бидат многу распространети. Според двајцата ова е иднина, која речиси е тука, но воопшто не смее да не плаши.

Карлин нагласи дека машините се тука за го поддржуваат човекот, а не како фактори кои сакаат да го заземат неговото место. Се разбира, чисто технички тие ги заменуваат работниците, откако побрзо и неуморно ги извршуваат нивните физички должности, но тоа се случува со векови.

Она што човекот треба да го разбере, според Финкл и Карлин, е неговата нова улога како регулатор на машината – онаа без која таа не може. Карлин додаде дека независно од стравот дека машините ќе ги преземаат работните места на луѓето, иднината е „човек плус машина, а не човек против машина“ и тоа е вид на потребна еволуција.

За Карлин, најзначајната улога на суперкомпјутерот на „IBM“ – „Watson“, е да обезбеди анализа на податоци и интуитивни решенија за специфични проблеми. Таа додаде дека најважно во моментот е обуката на луѓето во посебни програми за работа со вештачка интелигенција – за да се прошири и „обучи“, таа има потреба од луѓе кои работат со неа. Се постигнува завршен круг, во кој продуктивноста зависи од адаптивноста.

„Образованието е најважно во овој момент, како и да ја подготвиме следната генерација вработени – уште од моментот кога се студенти, за да го имаат следното ниво вештини потребни за да работат добро со машините“.

Причината е дека има нови, непознати досега, позиции во кои едно лице мора да се здружи со ВИ и речиси да се спои со неа. Панелот, исто така, се осврна на потребата од регулативи во однос на личните податоци со кои располага ВИ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail