Идентификувани клетки на анксиозност во мозокот

ankeseiznot.jpg

Во нова студија, невролози од Ирвинг медицинскиот центар при универзитетот Колумбија (CUIMC) и универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско (UCSF) идентификувале мозочни клетки кои се чини дека ја контролираа анксиозноста.

Иако овие „клетки на анксиозност“ биле откриени во мозоците на глувците (поточно во хипокампусот), научниците веруваат дека вакви клетки постојат и во човечкиот мозок.

Кога ваквите клетки се активираат, испуштаат сигнал до регионите на мозокот кои го предизвикуваат анксиозното однесување. Кај глувците во студијата, ваквото однесување однесувало избегнување на областа каде не се чувствувале безбедно, или напуштајќи ја таа област за да се преместат на безбедно место. Кај овие животни, клетките на анксиозност се активирале секогаш кога тие се наоѓале во места кои што ги плашеле – како отворените области или подигнати платформи каде биле повеќе изложени на опасност од грабливци.

За потребите на студијата истражувачите користеле техника позната како оптогенетика за да го контролираат сигнализирањето на невроните. Така, кога ја „вклучувале“ активноста на клетките во мозокот, глувците покажувале зголемено ниво на анксиозно однесување и не сакале да го истражуваат нивното опкружување.

Анксиозноста има многу специфична намена кај животните – им помага да ја насетат опасноста за да ги избегнат потенцијално опасните околини. Таа е природен, користен дел од животот – сè додека не стане неконтролирана.

Третирањето на анксиозните состојби кај луѓето не е лесно, бидејќи многу методи кои сега се употребуваат имаат значителни негативни последици. Со пронаоѓањето на „клетките на анксиозност“ во хипокампусот, се отвараат нови можности за создавање нови третмани или подобрување на сегашните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top