Иднината на универзитетскиот спорт – каде ја . гледаме и што научивме досега од Ковид 19?

Idninata-na-univerzitetskiot-sport-kade-ja-.-gledame-i-shto-nauchivme-dosega-od-Kovid-19.jpg

Иднината на универзитетскиот спорт - каде ја . гледаме и што научивме досега од Ковид 19?

Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, во соработка со Еотвос Универзитетот (Eotvos University) од Будимпешта, Унгарија беше организатор на првата интернационална работилница за универзитетски спорт која се организираше во рамките на INSHS (International Network on Sport and Health Science), Интернационалната мрежа за истражување во спортот и здравјето.

Работилницата под наслов „Иднината на универзитетскиот спорт  – каде ја . гледаме и што научивме досега од Ковид 19? “се одржа на 29.01.2021 година, преку платформата Microsoft Teams. На работилницата учество земаа повеќе од 25 претставници од исто толку Универзитети, Факултети за спорт и физичко образование, Спортски центри и Институти за спортски истражувања од повеќе од 15 земји од Европа, Јужна Америка и Јужна Африка.

На истата беа дискутирани прашања кои се однесуваат на развојот на универзитетскиот спорт во услови на КОВИД 19: Што научивме од пандемијата од аспект на онлајн спортските активности? Како универзитетите можат да го поттикнат и поддржат здравиот и активен начин на живот кај студентите во услови на пандемија и онлајн учење? Како да креираме студиски и предметни програми кои ќе го поттикнат интересот за спортски активности? Покрај дискусиите на наведените теми, основната цел на работилницата беше да се идентификуваат основните цели на спортот и физичката активност на универзитетите, да се идентификуваат заедничките интереси на различни универзитети и да се формира мрежа која во иднина ќе соработува, истражува и поттикнува активности во различни сегменти поврзани со спортот на универзитетите.

УГД беше претставуван од страна на проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров како претседател на УСКЦ, вонр. проф. д-р Билјана Попеска, раководител на УСКЦ која беше и модератор на работилницата и вонр. проф. д-р Деспина Сивевска која се вклучи во дискусијата во сегментот кој се однесува на улогата на универзитетот во организацијата на слободното време на студентите, вклучително и спортските активности во слободно време. Проф. Попеска ја истакна потребата од спортски и рекреативни активности на универзитетите, со посебен акцент на значењето на физичката активност за време на студените во креирање на долготрајни навики за активен и здрав начин на живот.  Во рамките на презентацијата на досегашните искуства и активности на Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД, посебно се осврна на потребата за вклучување на активности од масовен спортско – рекреативен карактер и активности насочени кон унапредување на здравјето. Проф. Џидров ја истакна потребата од адаптација на новонастанатите услови и потребата за реорганизација на наставниот процес, кој вклучува и реорганизација на условите и начинот на реализација на наставата по Спорт и рекреација и спортските активности на универзитетот. При тоа, истакна и дел од активностите кои се подготвуваат за студентите за периодот кој следи.

Слични искуства и примери од пракса, модификации на предметни програми и активности беа споделени и од претставниците од неколку универзитети од Унгарија и Бугарија. Дискусијата од сите учесници овозможи идентификација на клучните сегменти во делот на универзитетскиот спорт на кои во иднина ќе се работи: онлајн програми и имплементација на дигитални алатки во програмите по спорт и рекреација; здрави, активни  и одржливи универзитетски кампуси; интервентни програми во услови на КОВИД 19; афирмација на активностите на отворено и на организирани активности во слободното време во рамките на животот на универзитетот.

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail