Идните модели на iPhone ќе го препознаваат лицето на корисникот

apple1.jpg

Инженерите на Apple експериментираат со бројни нови опции за овогодишните и идните модели на телефони и таблети, па љубителите на компанијата со нетрпение го очекуваат септември, кога Тим Кук ќе ги презентира новите модели на iPhone, кои би требало да донесат повеќе новитети.

Според последните гласини, на новите модели посебно внимание ќе се посвети на безбедноста, односно на побезбеден начин на отклучување, купување преку App Store и слично. Корисниците на iPhone и iPad наместо класичните лозинки  веќе неколку години користат читање на отпечатоци од прсти. Но, барем еден од новите модели ќе има екран од раб до раб, па компанијата развива целосно нов сензор кој ќе се користи директно на екранот.

Иако не е сигурно дали тоа ќе биде готово годинава, но идната година сигурно iPhone нема да се отклучува со отпечаток од прсти туку ќе користат технологиај за препозанавање лице. Наместо да се пишува лозинка или да се притискаат прстите на екранот, телефонот автоматски ќе се отклучува кога ќе го препознае лицето на сопственикот. Од технологијата на Apple се очекува поголема брзина на реакција, прилагодливост на различни услови како, на пример, голема светлина или мрак и да не може да се прелаже со фотографии од корисникот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail