„Играње“ на словенечката писателка Станка Храстељ објавен на македонски

sta.jpg

Издавачката куќа „Готен“ го објави македонскиот превод на романот „Играње“ од современата словенечка авторка Станка Храстељ. Преводот од словенечки јазик е на Дарко Јан Спасов.

„Играње“ во 2012 година ја доби наградата на Младинска книга „Модра птица“ за најдобар роман и веднаш го свртува вниманието на јавноста и критиката. „Играње“ е прозен првенец на оваа афирмирана поетеса.

Книжевниот интерес на Храстељ се недоволно истражените аспекти на човечката психа и општествените табуа: болестите, самоубиствата, абортусот, старечката деменција. Таа смета дека книжевното отворање на овие теми ќе придонесе за подобро разбирање и прифаќање од општеството. Таа пишува кратки, фрагментарни поглавја, инспирирана од денешната модерна комуникациска технологија (СМС-пораки, фејсбук-постови, твит-пораки).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail