Илјадници научници протестираа против указот на Трамп за ограничување на миграцијата

952.jpg

Илјадници познати научници, меѓу кои и 11 добитници на Нобелова награда потпишаа петиција против указот на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничувањето на приемот на бегалци во земјата, со цел да се спречи влегувањето на исламски терористи на територијата на САД, објави доцна синоќа весникот „Вашингтон пост“.

Според весникот петицијата била изготвена и поделена уште во четвртокот, пред Трамп да го потпише указот.

Меѓу првите потпишани се повеќемина нобелови лауреати, членови на Националната академија на науките и други истакнати интелектуалци.

Во Универзитетот Харвард вчера се одржа протестен митинг против Трамп. Слични протести имаше и во серија други универзитети низ целата земја изминатите денови.

Еден од потпишаните на петицијата, професорот Емри Бргер од унивезритетот „Амхрст“ во Масачусетс изјави дека веќе дознал дека голем број научници од странство веројатно ќе ја поддржат петицијата и планираат да бојкотираат конференции и научни форуми во САД.

Според него голем број студенти се шокирани, дека нема да можат да се вратат во нивните американски универзитети, доколку патуваат во нивните родни земји.

Указот на Трамп прогласува 30-дневна забрана за влез во САД на луѓе од Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен и ја замрзнува за четири месеци програмата за прием на бегалци во САД.

Во петицијата научниците ги нарекуваат мерките на Трамп дискриминирачки, спротивни на националните интереси на САД и нешто што ги засега луѓето „кои се наши студенти, пријатели, колеги и членови на нашите научни заедници“.

извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail