Илон Маск: Човечкиот ум може да се претвори во компјутер

ilipn.gif

За Илон Маск, очигледно, создавањето на најсофистицираниот автомобил во светот и колонизирањето на Марс веќе не е доволно. Сега мултимилионерот и основач на компаниите Teслa и Спејс-Икс, има намера да работи и на човечкиот ум, пишува „Верг“.

– Со тек на времето, најверојатно ќе бидеме сведоци на уште позначаен спој на биолошката со вештачката интелигенција… Клучот кон тоа се крие најмногу во „фреквентниот опсег”, како и во брзинатата на преносот на податоци…, изјави Маск на технолошкиот форум одржан во Дубаи.

Тој смета дека со имплантација на мини-електроди во мозокот, тој може да функционира со брзината на машините и дека еден ден технологијата ќе дозволи „прикачување” и „симнување” мисли во човечкиот ум, како фајл на компјутер, на пример.

Според „Вол Стрит Џурнал“, компанијата „Невралинк” во Калифорнија, Maск ја регистрирал уште минатиот јули, како „центар за медицински проучувања”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail