Илон Маск ќе гради подземен тунел со кој од Њујорк до Вашингтон ќе се стигнува за 29 минути

ilion.jpg

Визионерот Илон Маск објави дека добил „вербално одобрување од американската влада“ за изградба на подземен транспортен систем Хајперлуп (HyperLoop) меѓу Њујорк и Вашингтон, иако не наведе кој точно тоа му го одобрил и како таквиот проект би се реализирал, пренесува Ројтерс.

Маск, основачот и сопственик на компаниите Тесла и Спејсекс, заговара развој на футуристички, магнетски левитирачки „хајперлуп возови“ кои би итале низ вакуумски тунели за кои тврди дека би биле поефикасни и побрзи од сегашните ТГВ возови. Маск пресметал дека патувањето од околу 350 километри од Њујорк до Вашингтон би траело само 29 минути.

За да ја оствари својата идеја за мрежа на транспортни тунели, Маск неодамна ја формираше компанијата Боринг (The Boring Company). Според неговата замисла, патувањето во вакуумските цевки на магнетни перничиња, со што би се избегнале успорувањето од воздухот или триењето на тркалата на шините, би било побрзо и поевтино и преку стартап компании веќе почна да работи на развој на технологијата, без оглед на трошоците и практичноста на решението.

За вака големи инфраструктурни проекти обично се потребни многу сложени одобрувања на разни нивоа на локалната самоуправа и влада и обично чинат милијарди долари. Маск во март се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, а на средбата тие разговарале и за идејата на Маск за испраќање мисија на Марс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail