Илон Маск стартуваше компанија која сака да го спои човечкиот мозок со компјутер

musk1.jpg

Знаеме дека Маск е загрижен за иднината на човештвото поради огромниот напредок постигнат кај вештачката интелигенција. Најголемиот негов страв е дека вештачката интелигенција еден ден ќе не надвладее. Кога ќе се случи тоа, тој тврди, дека луѓето ќе станат жители од втор ред или робови или нешто уште полошо.

Сега се појавија информации дека тој учествува во компанија која прави интерфејс за поврзување на мозокот со компјутер, а е основана со цел да се одржи чекор со напредокот постигнат кај машините. Интерфејсот е наменет да го надгради она што не прави нас луѓе, а тоа е нашиот мозок. Наводно, компанијата се вика Neuralink и е во рана фаза од развојот.

Според Илон Маск, потребно е да поминат уште 4 до 5 години за да се направи интерфејс за поврзување на мозокот со компјутер. Познато е дека крајната цел на новоформираната компанија е да креира уред или повеќе уреди кои ќе се всадуваат во човечкиот мозок. Тие ќе служат за повеќе работи: ќе им помагаат на луѓето да се спојат со компјутерски софтвер и да држат чекор со вештачката интелигенција и да го задржат приматот над неа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail