Илон Маск: За 4 години отсега човечките мозоци ќе може да се поврзат со компјутери

C-PJqBtWAAQjCD7.jpg

Сите знаеме дека Илон Маск денес е еден од најголемите визионери во светот на технологијата, науката и бизнисот, па малку не зачуди изјавата дека вештачката интелигенција е најголемата закана за човештвото. Но, тоа не значи дека самиот Маск не се занимава со вештачка интелигенција. Напротив, неговиот автопилот веќе подолго време се вградува во автомобилите на Tesla, а неодамна основаше ја основаше и новата компанија Neuralink. Маск верува дека Neuralink за 4 години отсега ќе ги произведе првите импланти кои ќе служат за „boosting“ на мозокот и ќе ни овозможат консензуална телепатија, а за 8 години отсега таа технологија ќе им биде достапна на сите.

Технологијата за вградување мали компјутери со големина на микрон во мозокот Маск во најголем дел ќе ја финансира сам. Таа технологија ќе може да се користи за поврзување со надворешни компјутери кои директно во мозокот ќе внесуваат податоци, односно од мозокот ќе ја симнат целата содржина заедно со мислите.

Првата цел на Neuralink ќе биде помалку научно-фантастична. За почеток ќе развива производ наменет за луѓе со разни видови оштетувања на мозокот кои изгубените функции ќе ги преземат на себе и со тоа на пациентите значително ќе им го подобрат квалитетот на животот.

Што се однесува на телепатските способности, Маск вели дека комуникацијата со мисли ќе биде возможна меѓу две лица кои имаат од неговите чипови, а технологијата ќе овозможи и поголема контрола над вештачката интелигенција. Луѓето со помош на мозокот-машина ќе бидат поврзани директно со роботи па нема да им дoзволат да носат одлуки без контрола.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail