iluzija.png

Кога не е во состојба да ги процесира информациите, мозокот мами. Во дадени услови, звукот може да ја компензира сликата која ја следи како контекст.

Од истражувањето на Калтек спроведено во 2018 година произлегле две илузии кои предизвикуваат одложени аудио-визуелни ефекти. Една од нив е “Илузија на зајакот и неговата невидлива сестра зајак” која на интересен начин укажува на врската помеѓу она што го гледаме и она што го слушаме. 
Некои визуелни концепти се однесуваат како хакери кон нашиот мозок, правејќи да гледаме облици и слики кои всушност не постојат. Ваквата илузија е трик со кој мозокот се измамува така што сам го измислува она што веќе го видел.

Што всушност се случува на видеото?

Првиот дел од илузијата се нарекува “Илузија на зајакот” и тогаш пред нашите очи се јавува краток блесок, проследен со звук. 58 милисекунди подоцна се слуша звук, но овој пат блесокот изостанува, а по 58 милисекунди екранот повторно емитира блесок, проследен со истиот звук како првиот пат.

Во вториот дел од илузијата која се нарекува “Невидлив зајак” се случува обратното. Повторно на почетокот се јавуваат блесок и звук, а потоа се јавува само блесок, а звукот изостанува. Третиот пат, исто како и првиот повторно се јавуваат заедно и звукот и блесокот.

Човечкиот мозок речиси секој пат го поврзува она што го гледа со она што го слуша. Тоа во случајот на споменатата илузија се манифестира така што луѓето наведуваат дека во текот на првиот дел виделе три блесоци, а во текот на вториот дел забележале два, а всушност се случува обратното. Мозокот во овој случај регистрира блесок само ако чуе звук, дури и ако блесокот навистина изостанува, звукот наговестува дека перцепираме непостоечки блесок.

Концептот на ваквите илузии не е нов, но научниците наведуваат дека е зачеток на манипулација на мозокот која ја убива слободната волја. Што всушност претставува оваа илузија? Во основа станува збор за спротивно предвидување. Мозокот е прилично добар во предвидување на она што ќе се случи во иднина. Во случај на илузија, мозокот предвидува нешто што веќе се случило врз основа на трагите без контекст, дури и ако сè се случува пред нас. Блесокот и звукот се случуваат толку брзо што мозокот не е во состојба да ги процесира, па поради тоа се залажува себеси дека видел нешто што нема. Ваквата илузија нè наведува да размислиме за тоа колку всушност можеме да им веруваме на своите очи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail