voren-bafet123.jpg

Со возраста, но и со успехот, многу луѓе ја губат мотивацијата за развој. Но, ова секако не важи за легендарниот инвеститор Ворен Бафет. На 88-годишна возраст, тој продолжува да биде активен, иако има многу средства за мирни пензионерски денови.

Всушност Бафет уште на 27 години станал милионер благодарение на успешните бизнис потфати, а денес има над 88 милијарди долари и е на трето место на листата на најбогатите луѓе на планетата. Сепак води прилично скромен живот – се уште живее со својата сопруга во куќата во Омаха, која ја купил пред неколку години. Не поседува ниту јахта , ниту приватен авион, ниту остров, ниту дваесет различни луксузни автомобили. Самиот Бафет вели дека тоа е “навика” и не ги сака промените. Но, зошто сè уште работи, за да трупа богатство?

Прво, тој само ја сака својата работа. Во многу интервјуа, кажувал дека директно “танцува” на патот кон канцеларијата и обожава да разговара со “најпаметните и интересни” луѓе таму пишува Inc.

Второ, Бафет сака да ја зголеми вредноста на својот Берсир Хатавеј. Во последните три децении, тој активно работи за ова, и верува дека ако го стори тоа, тој ќе остави нешто корисно за општеството. Тој сподели дека го смета Беркшир Хатавеј како “незавршено уметничко дело”

Освен тоа, професијата “инвеститор” е како вино – со возраста стануваш подобар. Мудроста и искуството на годините на работа му дозволуваат на Бафет со голема прецизност да предвиди кој потфат ќе му донесе успех. Значајно е дека тој има заработено 99% од неговиот сегашен статус откако имал 50 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail