Има надеж за вечните студенти: Дипломирал по 49 години од запишувањето на факултет

Selfie-Larryja-Johnsona.jpg

Луѓето кои студираат повеќе од што треба стануваат „вечни студенти“. Тие студираат по 10 или 20 години, а за тоа имаат различни причини, меѓутоа постојат и такви кои дипломирале и по 50 години. Таков пример е господинот Имен Лари Џонсон.

Селфито на Лари Џонсон од доделување на дипломите на Универзитет во Грузија се прошири по социјалите мрежи низ целиот свет. Самото доделување нема да беше интересно, без сега веќе дедо кој факултетот го заврши по 49 години.

„Цел ми е да го завршам факултетот пред да наполнам 100 години.“, напиша во описот на фотографијата.

Лари сега има 66 години, а својот академски пат го започнал во далечната 1969 година. Во текот на 50 години променил неколку студии, одел на предавања низ три декади и земал пауза од студирањето мислејќи дека никогаш повеќе нема да се врати во студентските клупи.

Бидејќи Универзитетот во Грузија нуди бесплатно студирање за луѓе повозрасни од 62 години, Лари одлучил да ја искористи таа прилика. Сега кога завршил додипломски студии по новинарство, вели дека планира да запише и мастер студии по односи со јавноста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail