Имаме триесет години искуство и сто проценти го гарантираме задоволството на студентите

Интервју со Алеш Стембергер, директор на Вишата стручна школа за козметика и велнес Љубљана

Алеш Стамбергер, директор на Вишата стручна школа за козметика и велнес Љубљана. Алеш Стамбергер, директор на Вишата стручна школа за козметика и велнес Љубљана.

Вишата стручна школа за козметика и велнес Љубљана е приватна виша стручна школа којашто зазема водечко место според бројот на студенти што се запишани на програмата козметика и велнес. Станува збор за висококвалитетни студиски програми кои ги следат современите развојни трендови во нашата земја и во светот – пред се целосниот приказ на човековиот развој и здравје. Студирањето на вишата школа за козметика и велнес не овозможува само корисни знаења, туку овозможува и многу други предности.

Како настанала Вишата школа за козметика и велнес?

На почетокот на 2013 година Вишата школа за козметика и велнес е основана од Glotta Nova –компанија позната на словенечката и европската образовна сцена. Уште од 1992 година понудата на Glotta Nova била насочена кон неформални образовни програми т.е. програми за стекнување на квалификации за вработените во компаниите од областа на комуникациите, мотивацијата, тимската работа, лидерството, менторството и тн. Glotta Nova ги спроведува сите образовни програми преку иновативни и напредни техники и пристапи за максимална употреба на потенцијалот на мозокот (на пример презентација, дискусија, дебати, вежби, играње улоги, поединечна работа и работа во парови, coaching, и тн.). Би сакале ова богато искуство да го пренесеме и во формалното образование бидејќи го препознавме пазарниот сегмент во оваа област. Затоа ја основавме Вишата школа за козметика и велнес. Двете организации се управувани од исти луѓе.

Кои се спецификите на Вишата школа за козметика и велнес?

На своите студенти им овозможуваме индивидуален третман, достапност на предавачите, и наставниот персонал и релаксирано опкружување за учење, што преставува услов за квалитетен образовен процес. Нудиме низа на воннаставни активности (курсеви, работилници, излети, забава, рекреација и така натаму), бесплатна карта за фитнес и вежбање со тренер, бесплатна работна униформа, подготовки, материјали, фотокопирање на материјали.

Нашата работа е фокусирана исклучително на областите убавина, здравје и велнес, што ни овозможува да го насочиме или продлабочиме образовниот процес до највисоко ниво на квалитет.

Студиите во нашата школа се практични затоа што нудиме корисни знаења кои се прилагодени на потребите на пазарот. Минатата година дури девет студенти добија задолжителна практика во странство. Имаме широка мрежа на работодавачи со кои школата соработува и им помагаме на студентите во наоѓањето работа.

Исто така водиме грижа за професионалниот развој на нашите професори, па преку програмата Erasmus+ ги испраќаме на усовршување во странските образовни институции надвор од границите на Словенија.

Имаме 30 години искуство во образованието на млади и возрасни. Исто така можеме да се пофалиме дека нудиме сто процентно гарантирано задоволство на студентите бидејќи гарантираме враќање на школарината ако студиите не ги исполнат очекувањата на студентот.

Што е тоа што Вишата школа за козметика и велнес ја прави одлична?

Вишата школа за козметика и велнес е школа со јасна визија. Сакаме да бидеме најдобри во тоа што го правиме и веруваме дека сме! Желбата за совршенство отсекогаш била водич на нашата школа. Како и во секоја друга работа постојат и компромиси во образованието, но тие никогаш не се прават на штета на клиентот. Веруваме дека нашиот квалитет ќе ни биде долгорочна предност во борбата со конкуренцијата.

Која е вашата стратегија за привлекување на странски студенти?

Во минатото не сме посветувале толку внимание на привлекувањето на странски студенти. Меѓутоа тука со сигурност се големите резерви, бидејќи нашето законодавство ни овозможува на студиската програма Козметика да запишеме 15 странски студенти и 15 странски студенти на студиската програма Велнес. Тоа е уште поважно во случај кога се пополнети сите слободни капацитети за запишување на студенти од Словенија, како што се случи тоа во последните две година на програмата Козметика. За влез на странскиот пазар потребно е многу енергија, познавање на тие пазари или на локалните специфичности и така натаму.Веруваме дека има многу можности во оваа област, посебно во соработката со компанијата 2ТМ.

Кои се амбициите и целите за развој на Вишата школа за козметика и велнес?

Амбициите на Вишата школа за козметика и велнес се насочени кон развој на нови акредитирани образовни програми во струката, посебно на меѓународните високообразовни програми, кои на нашите студенти би им овозможиле продолжение и надоградување на студиите и стекнување со високо образование. Многу наши студенти се распрашуваат за оваа можност. Од друга страна, Словенија поради пристапноста, социјализацијата, конкурентноста во цените и други атрактивни услови или специфики привлечна е за миграција на странските студенти кои сакаат да студираат во странство, односно тука. Друга важна среднорочна цел на Школата е новиот специјализиран деловен простор од вкупна површина од 1.000 квадратни метри, којшто Школата планира да го изгради во наредните три до пет години.

Новинарка: Шпела Зупан Штампохар

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail