inflluenser.jpg

Проблемот со губењето на фанови на Инстаграм уште не е решен, а настанатата ситуација ја предизвикало бришењето на неавтентичните профили, пишуваат странските медиуми.

Додека од популарната мрежа ветуваат дека многу набрзо ќе ја вратат нормалната состојба, инфлуенсерите и натаму губат милиони фанови.

Од Инстаграм претходно соопштиле дека забележале отворање на голем број на лажни профили поради собирање на “популарност” на мрежата, поради што одлучиле да ги бришат сите неактивни профили, што ги вклучува и оние кои немаат никакви постови, лајкови или коментари.

“Неодамна увидовме дека бројни профили се користат за вештачко зголемување на публиката на мрежата. Ќе почнеме да ги отстрануваме неавтентичните профили, лајкови и коментари од профилите кои ги користат апликациите на трети страни за да ја зголемат нивната популарност. Спроведуваме неколку чекори за да го ограничиме овој вид на несакано однесување. Профилите кои ги идентификуваме со помош на овие услуги ќе примат порака во апликацијата која ги предупредува дека сме ги отстраниле неавтентичните наводи. Исто така ќе ги замолиме да го обезбедат својот профил со промена на лозинка”, рекле неодамна од Инстаграм.

Според најновите информации, Инстаграм ветил дека до утре проблемот ќе биде решен.

Платформата во сопственост на Фејсбук веќе неколку дена ги известува корисниците за настанатиот проблем.

Потсетуваме, поради овој проблем бројни славни личности изгубиле милиони фанови. Меѓу нив е и Кајли Џенер, која изгубила 2,5 милиони фанови, а по милион фанови изгубиле Селена Гомез, Аријана Гранде и Кети Пери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail