Инфо ден на ФЕИТ за заинтересираните средношколци

seit-otvoren-den.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска организира отворен ден за сите заинтересирани средношколци кои сакаат да студираат на Факултетот.

– Пред средношколците ќе бидат изложени разни експонати кои произлегуваат од работењето на нивните колеги во лабораториите на ФЕИТ, како и потребните информации за запишување и студирање на Факултетот – новите студиски програми, условите за студирање и уписите (квоти, префрлување од една во друга студиска група, партиципација, стидендии), соопштуваат од ФЕИТ.

Средношколците ќе може да ги разгледаат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде се одржува наставата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail