Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет

a906ecd58b062801ef8efce6e1a38d4d_XL.jpg

Министерството за образование и наука во соработка со Европската комисија на 24 март 2017 година, со почеток во 9 часот, во просториите на МАНУ организираат Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет во рамки на Европската програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“.

За време на презентацијата претставници на Европскиот истражувачки совет ќе се осврнат на можностите, односно грантовите за финансирање на истражувања во повеќе категории кои ги нуди програмата, критериумите за аплицирање, процедурите за поднесување на предлог-проекти и процесот на евалуација на предлог-проектите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават на следниве електронски адреси: stanka.petkovska@mon.gov.mk и violeta.atanasovska@mon.gov.mk

Подетални информации може да се обезбедат на телефонските броеви 076 485 045 и 076 485 058.
Бројот на учесници е ограничен на 120. Такa што, присуството на заинтересираните ќе биде овозможено според времето и редоследот на регистрација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail