Иницијатива на група студенти од ФИНКИ “Малвер-што е тоа?” Опсервер: Иницијатива на група студенти од ФИНКИ “Малвер-што е тоа?”

cyber_atak_napad_01-678x381-1.jpg

Илјадници деца во нашата земја секојдневно се соочуваат со некаков вид на злонамерен софтвер. Обидите за напад, како вируси, крадење на лични информации и секаков рекламен софтвер претставуваат голема закана за најмладите бидејќи се сметаат за најлесна мета. Анастасија, Ангела Ј, Дарио и Ангела М се четворица студенти од ФИНКИ кои се сведоци на секојдневни обиди за напад од малициозен софтвер. Затоа решиле преку сопствена иницијатива да ја зголемат свесноста за овој проблем, а и на некој начин да им помогнат на помладите генерации. Вака се родила волонтерската иницијатива “Малвер-што е тоа?”.

-Бидејќи знаевме дека ваквиот проблем постои подолго време, сметавме дека како студенти на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, сме должни да направиме нешто во насока кон негово решавање. Децата не знаат да се справат со последиците од сајбер напад Оваа волонтерска иницијатива произлегла од предметот Медиуми и комуникации на ФИНКИ под водство на професорот Владимир Трајковиќ. Студентките првично спровеле анонимна анкета наменета за деца на возраст од 12-15 години. За да ја увидат реалната слика за тоа колку децата се запознаени со злонамерен софтвер, анкетата содржеше прашања од типот на: дали некогаш се биле жртви на сајбер напад, дали користите некаков вид на заштита од напади и дали се чувствувате спремно за да се справите со последиците.

Потоа, имаат изработено кратки едукативни материјали кои би им помогнале на деца од училишна возраст, како и на нивните наставници. Со ова одлучуваат да организираат настан во кој вклучуваат ученици од неколку училишта и опфаќаат повеќе аспекти од темата, поттикнувајќи дискусија помеѓу присутните со помош на интерактивни игри. Училиштата целосно не ја обработуваат темата “Злонамерен софтвер” Голем дел од учениците во анкетата биле запознаени со поимот “Малвер” бидејќи биле или жртви или сведоци на сајбер напад.

Истовремено, голем дел од нив тврделе дека знаат како да постапат во случај напад, но начините што ги предлагаат се многу често несоодветни и би поттикнале продлабочување на проблемот. – Оттука можеме да заклучиме дека недостига едукација во областа на превенција и соочување со малициозниот софтвер. Во рамки на дискусијата преку споделените лични искуства може да се заклучи дека жртви на злонамерен софтвер почесто се учениците од основните училишта.

Самата љубопитност кај децата и недоволната информираност доведува до се` посериозни ризици и тешки последици, при што е клучно е да се едуцираат младите како да ја препознаат оваа закана. Тимот објаснува дека имаат големи планови за оваа иницијатива и би сакале нивната иницијатива да се рашири до што повеќе млади со цел да се намали бројот на жртви.

извор: опсервер

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail