Иницијатива за покорисен PayPal во Македонија

paypal-784404_960_720-342mi02dhypzqsf1uxskjk.png

Пред неколку години најпопуларниот сервис за онлјан плаќање PayPal објави дека конечно услугите ќе можат да се користат и во Македонија. Тогаш сите се израдувавме, но поради неусогласеност на законите PayPal може да понуди ограничена услуга.

Деновиве е актуелна нова иницијатива со која од Министерството за финансии се бара промена на законите и почеток на целосна PayPal услуга. Иницијативата започна од Login Systems, а сите заинтересирани со својот „потпис“ можат да дадат поддршка. Потписите заедно со писмото ќе бидат испратени до Министерството за финансии со копија до Народната банка на РМ, вицепремиерот задолжен за економски систем, министерството за информатичко општество и Министерството за економија.

Засега од Македонија, PayPal може да се користи единствено за купување надвор од македонските граници. Сепак постои реална потреба, а и интерес кај компаниите, за можност за купување од македонски продавници. Ова ќе овозможи онлајн плаќање од надвор, но и од Македонија, во локални продавници и компании. Доколку новата влада е сериозна околу заживувањето на е-трговијата овозможувањето на целосна PayPal услуга, треба да биде еден од приоритетите. Во спротивно PayPal ќе остане сервис со кој парите на граѓаните ќе се одливаат надвор од Македонија.

Го контактиравме г. Венко Глигоров основач и косопственик на Логин Системи од каде и започна оваа иницијатива, да ни објасни кои се проблемите поради кои PayPal не може во целост да ги понуди своите услуги.

Повеќе на it.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail