instagram.png

Додека социјалните мрежи се борат со проблеми со приватноста, Instagram ја воведе новата опција наречена Close Friends. Опцијата Close Friends е наменета за веќе постојните „приказни“, а секоја фотографија или клип кои сакате да ги додадете на вашата „приказна“ сега можете да ги испратите на група од пријатели Close Friends со едноставно притискање на ново копче.

Кога ќе се објави „приказната“, ќе ја видат само вашите пријатели, а тоа ќе го препознаат по зелениот прстен околу профилната фотографија на нивниот ѕид со новости. Instagram на корисниците ќе им предложи и корисници за додавање во блискиот круг на пријатели, но и понатаму ќе може рачно да се пребараат луѓето кои сакате да ги додадете на таа посебна листа.
>

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail