Инстаграм ќе им открива на корисниците колку пати бил посетен нивниот профил

instagram.jpg

Социјалната мрежа „Instagram“ развива опција на апликацијата која што ќе им покажува на корисниците колку пати нивниот профил бил посетуван во текот на една седмица.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Откако неодамна „Instagram“ воведе опција која што открива кога последен пат бил активен одреден корисник на социјалната мрежа, сега пристигнува уште една новост.

Имено, Instagram на корисниците ќе им покажува колку пати бил посетен нивниот профил во текот на изминатите седум дена. Информацијта ќе се појавува на врвот на профилот, а како што пишува “The Independent” истата ќе биде многу воочлива и тешко ќе може да се заобиколи.

Сепак, иако ќе покажува колку посети имал одреден профил, нема да прикажува кој го посетил профилот.

Оваа функција ја забележал Мет Навар, корисник на Твитер кој што објавил скриншот од својот профил на Instagram на кој што се гледа како ќе изгледа функцијата. Инаку, „Instagram“ се уште ја тестира опцијата, па затоа истата не е достапна за сите корисници.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top