Инстаграм направи голема промена, сега на сите ќе нѝ биде полесно

instagram.jpg

Инстаграм го менува начинот на кој се реагира на нечија пријазна (story), па така реакциите повеќе нема да изгледаат како пораки.

Имено, досега единствениот начин за реагирање на некоја Инстаграм приказна беше корисникот да испрати приватна порака, без разлика дали станува збор за емотикон или текстуална порака.

Меѓутоа, сега тоа ќе се промени со новата опција во форма на приватно ‘допаѓање’.

„Сега ќе можете да лајкувате некоја приказна, а притоа да не испраќате директна порака. Допаѓањата на приказните ќе останат приватни и нема да се бројат“, објаснил шефот на Инстаграм, Адам Мосери.

Појаснил дека целта со оваа измена е корисниците меѓусебно да можат да реагираат на туѓите објави или да искажат поддршка, но и да се расчисти „Inbox“ со пораки и да останат само оние важните.

Ја забележавте ли вие оваа промена?

извор: Курир.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail