„Инстаграм“ постојано расте, затоа што како сервис за споделување главно на фотографии и видеа, популарните личности и обичните корисници на големо го употребуваат за забава. Социјалната мрежа во сопственост на Марк Цукерберг почна да му се исплаќа и да кешира, а нагорната линија со бројот на корисници го гарантира тоа.
Заработката од Инстаграм годинава ќе биде над 1,5 милијарда долари, проценуваат аналитичарите. Бројот на корисници на Инстаграм веќе достигна фрапантна цифра од 600 милиони активни корисници.