Институтот „Макс ван дер Штул“ доби уште еден грант за стратегиско партнерство на Еразмус +

Institutot-Maks-van-der-SHtul-dobi-ushte-eden-grant-za-strategisko-partnerstvo-na-Erazmus-.png

Институтот „Макс ван дер Штул“ доби уште еден грант за стратегиско партнерство на Еразмус +

Научниот институт „Макс ван дер Штул“ (МВДШИ), ќе биде дел од конзорциумот во спроведувањето на проектот Мултимедијални компетенции за универзитетскиот кадар за зајакнување на универзитетот – соработки во заедницата .

Целта на овој проект е да се развијат алатки за обука на универзитетскиот кадар за ефикасно креирање и користење на мултимедијални технологии, така што тие ќе се здобијат со вештини да создадат пореална и попривлечна содржина во комуникацијата во образовното истражување и проектите универзитетот со заедницата. Наставната програма за обука и креираните ресурси ќе претставуваат посебна услуга која ќе се нуди на универзитетите од обучувачите за дигитализација (DigiCoaches), кои се универзитетски кадар кој ќе обезбеди обука за други внатрешни / надворешни корисници / обучувачи во ефикасното креирање-користење на мултимедијални технологии .

Проектот ќе го подобри квалитетот и релевантноста на знаењето и вештините на универзитетскиот кадар во областа на мултимедијалните технологии. Проектот ќе го води Политехничкиот универзитет во Темишвар (Романија). Други партнери во проектот се: Универзитетот во Аликанте (Шпанија), Здружението за социо-научни консултации и истражувања (Германија), Сторителми, Унифесол (Португалија), Каунас универзитетот за технологија (Литванија), Меѓународното училиште за социјални и деловни студии (Словенија). Проектот се очекува да започне до крајот на оваа година и да трае 30 месеци.

Овој проект е осми по ред од тековните проекти на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail