Intenzivni-podgotovki-za-realizacija-na-proektot-Biootpad-.jpg

Интензивни подготовки за реализација на проектот „Биоотпад“

Тимот за управување на проектот „Биоотпад“ деновиве е на работен состанок во Крит со останатите партнери на овој европски проект, доста значаен за Универзитетот „Гоце Делчев“, како и за Општина Пробиштип која ќе ги има директните придобивки од новите технологии, трансферот на знаење од универзитетот и општествената корисност од современата наука и истражување.

На денешниот состанок се утврдени локациите на компостерските единици во Пробиштип, утврден е комуникацискиот план, следните работилници и отворени денови, како и план на понатамошни активности. 

Следниот координативен состанок е договорено да се одржи во Македонија. Тимовите од Катерини, Крит и Кипар ќе се состанат во Пробиштип, при што се очекува функционалност во системот на преработка на органското ѓубриво до биоѓубриво.

 

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail