Интензивниот и експлозивен бенд „Apocalyptica“ утревечер настапува во Скопје

koncert-utre.jpg

Apocalyptica утревечер настапува во Скопје, овој пат во рамките на нивната можеби најатрактивна турнеја, со наслов „Plays Metallica by four cellos“. Концертот кој е во организација на Авалон Продукција ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20 часот.

Во пресрет на утрешниот концерт, членовите на бендот Eicca Toppinen и Mikko Siren преку видео порака, на македонските фанови им порачаа дека утрешниот концерт ќе биде можеби еден од највозбудливите на Apocalyptica досега.

– Многу сме возбудени што доаѓаме повторно во Скопје. Ве покануваме да дојдете на концерт, заедно да ги пееме најдобрите хитови на Металика!- велат членовите на бендот.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

Влезниците за утрешниот концерт, по цена од 400 денари, се` уште можат да се најдат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Вратите во арената „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 19 часот, додека концертот ќе почне во 20 часот.

Да ја наполниме арената „Борис Трајковски“, затоа што Apocalyptica ги свири Metallica!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail