73325007_579235589506233_2639787273507307520_n.png

По една и пол година од промената на законот за високо образование, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје распиша конкурси за избор на претседатели и членови на Факултетските студентски собранија на факултетите. Радио МОФ ги собра податоците од сите одлуки за распишување на избори на едно место, со цел студентите да имаат попрегледен пристап до информациите.

Шумарски факултет
Распишани се избори за 13 членови на Факултетско студентско собрание и претседател на Факултетско студентско собрание на Шумарски факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 20.11.2019, од 08 до 16 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Проф. д-р Панде Трајков
Проф. д-р Македонка Стојановска
Елеонора Николовска, студент
Мартина Ѓорѓиовска, студент
Софија Ристевска, студент

Кандидатите за претседател и членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии:
I година (5 ноември со почеток 12 часот – микроскопска сала на факултетот
II година (4 ноември со почеток во 11 часот, предавална 54) пејсажно дизајнирање и Шумарство
II година, екоинжинеринг и екоменаџмент 7 ноември 12 часот предавална 33
III година Шумарство 5 ноември 10:30, предавална 32
III година, пејсажно дизајнирање 6 ноември со почеток во 12 часот 72 предавална
III година екоинжинеринг и екоменаџмент 7 ноември 10 и 30, предавална 32
IV година, 6 ноември, 10 и 30, предавална 33
Повеќе информации може да прочитате тука.

Фармацевтски факултет
Распишани се избори за 22 членови на Факултетско студенско собрание и претседател на Факултетско студентско собрание на Фармацевтсткиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 28.11.2019 во период од 10 до 14 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
проф. др. Зоран Стерјев
проф. д-р Катерина Анчевска Нетковска
Искра Јордановска, студент
Вела Петрушевска, студент
Ана Марија Кузмановска, студент

Кандидатите за претставници во Факултетсткото студенско собрание се утврдуваат на собири на студенти по предлог на студентите од секоја студентска група запишани на додипломски студии, за секоја студиска програма одделно. Собирите на студентите по години, по студиски програми треба да се одржат најдоцна до 21.11.2019. Повеќе информации може да прочитате тука.

Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Распишани се избори за 16 членови на Факултетско студентско собрание и претседател на Факултетско студентско собрание на Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер.
Изборите ќе се одржат на 28.11.2019 во амфитеатар број 20 во период од 10 до 14 часот.

Изборна комисија:
проф. др. Горан Златески
проф. др. Елена Никољски Паневски
Мирче Веселиновски, студент
Шериф Рустемоски, студент
Имер Асоски, студент

Кандидатите за претставници во Факултетсткото студенско собрание се утврдуваат на собири на студенти по предлог на студентите од секоја студентска група запишани на додипломски студии, за секоја студиска програма одделно.

I година 13.11.2019 9 до 11 во предавална 60
II година 11.11.2019 09 до 11 во амфитеатар 20
III година 13.11.2019 од 10 до 12 во предавална 40
IV година 13.11.2019 од 10 до 12 во предавална 30
Повеќе информации може да прочитате тука.

ФМУ
Распишани се избори за претседател и 11 членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 27.11.2019, во големата сала на факултетот за музичка уметност од 12 до 15 часот.

Изборна комисија:
Вонр. проф. д-р Александар Димитријевски
Доц. м-р Сара Пројковска Николовска, наставник
Јана Каевска, студент
Сена Рамадани, студент
Фросина Вандевска, студент

Кандидатите за претседател на Факултетското студентско собрание преку архивата на факултетот поднесуваат пријава до Изборната комисија најдоцна до 13 ноември 2019 година.
Кандидатите за членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии. Повеќе информации може да прочитате тука.

ФДУ
Распишани се избори за претседател и 14 членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 28.11.2019, од 10 до 16 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Вон. проф. м-р Горан Трпчевски
Доц. м-р Никола Настоски
Лазар Христов, студент
Миа Николоска, студент
Батухан Ибрахим, студент

Кандидатите за претседател и членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по катедри, со тоа што секоја катедра се предлагаат кандидати за претставници во факултетското студентско собрание.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Распишани се избори за 6 членови на Факултетското студентско собрание и избор на претседател на Факултетското студентско собрание на Факултет за физичко образование, спорт и здравје.
Изборите ќе се спроведат на 27.11.2019 година во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје, во период од 9 до 16 часот.

Изборна комисија:
Проф. д-р Милан Наумовски
Проф. д-р Иван Анастасовски
Драган Думевски, студент
Теодора Димитровска, студент
Николина Мартиноска, студент

Кандидатите за претставници во Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студентите по предлог на студентите од секоја студиска година запишани на додипломски студии и по предлог на студентите запишани на постдипломски и докторски студии, во учебната 2019/2020 година.
Повеќе информации може да прочитате тука.

ПМФ
Распишани се избори за претседател и 36 членови на Факултетското студентско собрание на Природно – математичкиот факултет – Скопје.
Изборите се на 02.12.2019 во амфитеатарот „Ордан Печијаре“ во период од 09-14 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Доц. д-р Оливер Тушевски
Доц. д-р Кристина Димеска Трајкова
Марјана Крстеска, студент
Татјана Стојановска, студент
Филип Василевски, студент

Кандидатите за членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по Институти, со тоа што секоја студиска година се предлага и по еден кандидат од прв циклус и по еден кандидат од втор и трет циклус. Повеќе информации може да прочитате тука.

Стоматолошки факултет
Распишани се избори за 10 членови на Факултетското студентско собрание и 1 претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се спроведат на 26.11.2019 година (вторник) во просториите на стариот деканат (барака) во период од 10 до 16 часот.
Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти кои се запишани на студии во учебната 2019/20 година и имаат запишан зимски семестар.
Кандидатите за претставници во Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студенти по предлог на студентите од секоја студентска година запишани на додипломските студии и по предлог на студентите запишани на постдипломски и докторски студии.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Медицински факултет
Распишани се избори за претседател и 24 членови на Факултетско студентско собрание на Медицинскиот факултет – Скопје.
Изборите за претседател и членови ќе се одржат на 02.12.2019 во период од 08 до 16 часот на следните локации:
за студентите од прва година Амфитеатар 1
за студентите од втора година – Амфитеатар 2
за студентите од трета година Амфитеатар 3
за студентите од четврта година – Амфитеатар Интерна медицина
за студентите од петта година – Амфитеатар Хирургија
за студентите од шеста година, постипломски студии од сите години и докторски студии од сите години – Амфитеатар Деканат

Изборна комисија:
Проф. д-р Александар Петличковски
Проф. д-р Анита Арсовска
Ана Тимовска, студент
Мартина Николова, студент
Методи Костадинов, студент

Кандидатите за претседател и членови во Факултетско собрание се утврдуваат на собири на студентите по години. Повеќе информации може да прочитате тука.

Градежен Факултет
Распишани се избори за претседател и 24 членови на Факултетско студентско собрание на Градежниот факултет – Скопје.
Изборите ќе се одвиваат на 02.12.2019 од 08 до 15 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Вон. проф. Маријана Лазаревска
Вон. проф. Златко Зафировски
Никола Јовчевски, студент
Антонио Георгиевски, студент
Виктор Стојчески, студент

Кандидатите за претседател и членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии, со тоа што од секоја студиска програма се предлагаат кандидати за претставници во Факултетското студентско собрание.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Технолошко-металуршки
Распишани се избори за претседаател и 14 членови на Факултетско студентско собрание на Технолошко – металуршкиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 02.12.2019 во период од 08 до 16 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
д-р Јана Симоновска, доцент
д-р Емилија Тошиќ, доцент
Бисера Самарџиоска, студент
Ана Божиновска, студент
Слаѓана Врановска, студент

Кандидатите за членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии, со тоа што од секоја година се предлагаат кандидати за претставници во факултетското студентско собрание. Повеќе информации може да прочитате тука.

ФИНКИ
Распишани се избори за претседател и девет членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство.
Изборите ќе се одржат на 29.11.2019 во период од 08 до 16 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Вон проф. Мирослав Мирчев
Вон. проф. д-р Александра Поповска Митровиќ
Стефан Маринчевски, студент
Марија Стојановска, студент
Павле Пејовски, студент

Кандидатите за членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии, со тоа што од секоја година се предлагаат кандидати за претставници во Факултетското студентско собрание. Повеќе информации прочитајте тука.

Правен факултет
Распишани се избори за претседател и членови на Факултетското собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 29.11.2019, од 8:30 до 16:30 во аулата на Правен факултет – Скопје.

Изборна комисија:
Проф. Јелена Трајковска Христовска
Денис Прешова, асистент
Тамара Глушкина, студент
Панче Патоски, студент
Никола Германов, студент

Кандидатите за претседател и членови се утврдуваат на собири на студентите, по години на студии при што од секоја студиска програма се предлагаат кандидати. Правo да гласаат имаат сите студенти на факултетот запишани во студиската 2019/2010 година.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Филолошки факултет
Распишани се избори за претседател и 24 членови на Факултетското собрание и претседател на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 29.11.2019, од 09 до 15 часот во аулата на факултетот.

Изборна комисија:
Доц. д-р Мира Беќар
проф. д-р Руска Ивановска Наскова
Ана Калајџиева, студент
Кристина Ангелеска, студент
Кристијан Стефановски, студент
Повеќе информации може да прочитате тука.

Ветеринарна Медицина
Распишани се избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 28.11.2019 во предавална 1, во период од 10 до 14 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Проф. д-р Игор Улчар –
Доц. Д-р Бранко Атанасов
Никола Гогу, студент
Неда Кузмановска, студент
Борис Димитриевски, студент

Кандидирањето на членовите на Факултетското студентско собрание ќе биде на собири на студентите по години. Кандидирањето на претседател е лично преку поднесување на кандидатура на која даваат поддршка најмалку 20 редовни студенти од факултетот.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Филозофски факултет
Распишани се избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 02.12.2019 во период од 08-16 часот во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
Проф. д-р. Светлана Трбојевиќ
Проф. д-р. Антонио Јакимовски
Симона Наумовска, студент
Теодора Георгиева, студент
Бобан Ангелковски, студент

Повеќе информации може да прочитате тука.

ФЕИТ – електромашински факултет
Распишани се избори за 18 членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје.
Изборите ќе се спроведат на 28.11.2019 во просториите на факултетот.

Изборна комисија:
проф. д-р Перо Ларткоски,
доц. д-р Маја Целеска
Надежда Илиева, студент
Николина Младеновска, студент
Оливер Васевски, студент

Кандидирањето на членовите на Факултетското студентско собрание ќе биде на собири на студентите по години. Повеќе информации може да прочитате тука.

Економски факултет
Распишани се избори за претседател и 32 членови на Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 04.12.2019 на Економскиот факултет во Скопје.

Изборна комисија:
Проф. Д-р Ѓорѓи Гоцков
Проф. Д-р Виолета Цветковска
Сара Велкова, студент
Лика Костова, студент
Антонио Атанасовски, студент

Кандидатите за претседател и членови во Факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии, со тоа што од секоја студиска година се предлагаат кандидати за претставници во Факултетското студентско собрание.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Педагошки факултет
Распишани се избори за претседател и 28 членови на Факултетското студентско собрание на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Изборите ќе се одржат на 19.11.2019 во Амфитеатар 1, во период од 08 до 16 часот.

Изборна комисија:
Проф. Д-р Весна Макашевска
Проф. Д-р Љуљзим Алиу
Фатиме Авди, студент
Панде Ефтимов, студент
Билге Ќахил, студент

Машински факултет
Распишани се избори за 24 членови и еден претседател на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се одржат на 05.02.2019 во просториите на Машинскиот факултет Скопје, во период од 09 до 17 часот.

Изборна комисија:
Проф. Д-р Зоран Богатиновски
Вон. Проф. Д-р Филип Мојсовски
Стефани Јосифовска, студент
Славчо Премчевски, студент
Дамјан Цветковски, студент

Кандидатите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студентите по студиски програми, со тоа што од секоја студиска програма се предлагаат кандидати за претставници во Факултетското студентско собрание.
Повеќе информации може да прочитате тука.

Без објавени одлуки за распишување на избори за претседател и членови на факултетското студентско собрание се Факултетот за ликовни уметности, Земјоделски факултет и Архитектонскиот факултет.

извор: радио моф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail