Интернационален младински арт фестивал: “Битола Отворен Град” од 3-ти до 5-ми септември

Internacionalen-mladinski-art-festival-Bitola-Otvoren-Grad-od-3-ti-do-5-mi-septemvri.jpg

Интернационален младински арт фестивал: “Битола Отворен Град” од 3-ти до 5-ми септември

Познатитот битолски фестивал, “Битола отворен град”, сепак ќе се одржи и оваа година во пандемиски услови. Организаторите од МКЦ- Битола соопштија дека ова издание кое требаше да се одржи во јуни е преместено за од 3-ти до 5-ми септември. Се најавува музичка програма на кирилица, но и други мали слатки уметнички задоволства за душа и глава.

“Годинава пред нас се исправи предизвикот да го организираме фестивалот во состојба на пандемија и тоа на сосема нов, оригинален, непретпоставуван дискурс, согласно пропишаните протоколи и мерки. Пандемијата е трансформативен момент за светот. Корона кризата испишува нови страници во домашната и светската уметност, а ние имаме одговорност да ја поддржиме домашната уметничка сцена, да обезбедиме можност и услови за нејзино промовирање, конзумирање и уживање. Уметноста успева да го најде својот пат до публиката и во време на пандемија, а ние сме должни тој пат да го направиме безбеден и за уметниците и за публиката која е жедна за квалитетна уметничка програма”, велат од Младинскиот културен центар – Битола.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail