Инженери за дизајн и конструкција

vanhool.jpg

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место

ИНЖЕНЕРИ ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА
ID 2017

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Изработка на 3D модели;
  • Изработка и работа со склопови;
  • Изработка на работилнички цртежи;
  • Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите;

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • ВСС – факултет од областа на техничките науки, пожелно Машински факултет;
  • Солидно познавање на CAD софтверски алатки. Предност ќе имаат апликантите со искуство во работа со PRO ENGINEER или CREO;
  • Познавање на работа со пресметка по метод на конечни елементи (FEA);
  • Солидно познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV на англиски или на македонски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected]
Ве молиме Вашето CV да биде испратено со назнака во Subject: ID бројот на огласот на кој аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Напомена: Во случаите кога аплицирате директно, задолжително именување на насловот на документот – CV кој го испраќате, во следната форма 2017_CV_ime.prezime

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Краен рок за доставување на апликациите: 31/01/2017

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail