kniga.jpg

На секому барем еднаш во животот му се случило да заборави да врати книга во библиотека на време. Меѓутоа, повеќето се сетуваат на тоа по неколку дена, но една личност во Ирска, заборавила на тоа дури 19.433 дена.

Библиотеката во Ирска ја добила својата книга назад по 19.433 дена односно 53 години. Тие на својот Твитер профил објавиле фотографија од книгата која била земена на 30-ти мај 1965 година.

Станува збор за делото “Father Theobald Mathew” од Патрик Роџерс кое е оригинално објавено во 1943 година.

Паричната казна за доцното враќање на книгата изнесува 971.65 долари, а од библиотеката соопштиле дека не ни забележале дека книгата недостига на полиците толку години.

“Тие ја пронашле книгата додека го чистеле својот дом. Честопати се случува враќањето на книгите да доцни, но никогаш не се случило да доцни 53 години”, изјавиле тие.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail