Исповед на Балканец кој заминал да работи во Исланд

Islandiya-e1450815099580.jpg

Хрватскиот пратеник Горан Алексиќ на Фејсбук ги сподели впечатоците на Хрват кој заминал да работи во Исланд. Овој човек на Алексиќ детално му го опишал животот во оваа земја на северот од Атлантикот.

Човекот се зачудил затоа што од платата не мора да плаќа придонеси, туку добива бруто износ. Исто така на Хрватот интересно му било тоа што во Исланд никој не плаќа со готовина.

„Овде се цени работата, се плаќа работата, сите се среќни, срдечни. Овде нема шанси работодавецот да ве измами ниту за една круна. Главниот збор кога се во прашање работниците и работодавците го водат синдикатите. Платата се зема секогаш на први од месецот“ – раскажува тој.

Додава дека после 20 години работен стаж се чувствува како ценет работник.

Вели дека му било тешко да ја напушти Хрватска, но порачува дека политичарите конечно мора да направат нешто за добро на граѓаните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top