Исповед на девојка која живее во Канада: Сакам да се вратам на Балканот за да бидам повторно слободна и жива

kanada3.jpg

Кога ќе им кажам на луѓето дека се враќам од Канада, луѓето ме гледаат со недоверба.

Пред нешто помалку од една деценија избегав од Балканот, како и многу други, во потрага за подобар живот. Иако мажот ме убедуваше дека Северна Америка не е континент за мене, јас инсистирав да заминеме. Тој веќе живееше во Канада и многу долго и силно се противеше и не сакаше да одиме. Не можев да го разберам што зборува, зошто беше убеден дека еден цел континент не припаѓа на мојот сентимент. На некој начин тоа ме навредуваше бидејќи се сметав и повеќе од прилагодлива . Работев аматерски како преведувач на англиски јазик, и тоа го сметав за свој плус. За заминување, секако! Неговите аргументи против заминување тогаш делуваа бледо и неуверливо. Почнав да го сметам за параноичен…

Верував дека сум над таквите секојдневни работи, пријателството и роднинските односи, во смисла дека многу лесно ќе искулирам и по цела година да не се гледаме, можеби и подолго…

На првото прелетување на океанот не се ни сеќавам, бидејќи испив апчиња за летот да ми помине побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и сликите на канадските прерии од кои ми се превртуваше желудникот. Мислам, и кај нас има рамнини, но тие се прекрасни. Плус под ораници се. Ова тука се непрегледни прерии со самоникната полужива трева која ги фрла во депресија па и оние кои имаат голтнато пет екстазија. Инаку, тоа е баш популарно тука. Најверојатно од мака тие деца го прават тоа, за малку да се разбудат…

Значи, уште кога слетав, сфатив дека нешто дебело не е во ред. Покрај тоа што стигнав во некоја каубојска прерија, се разбудив 9 илјади километри далеку од сите. Од мојот живот кој го градев 27 години. Првото што го забележав на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има море од автомобили. Имав впечаток како нешто опасно да грешам со тоа што се движам по асфалтот. Најверојатно такво чувство имаа и оние кои се возеа наоколу во своите автомобили.

И на моето прашање „Каде сега?“ – постоеја само три одговори. Првиот беше да се возиме околу планините. Вториот да одиме во шопинг центар. А третиот кој одвај го искубавме, дека можеме да одиме на некој базен. И тоа беше така цели три месеци. Додека не почна стампедото, атракција која им се случува еднаш во годината. Како вегетаријанец и некој кој навистина го разбира страдањето на животните (сите), на таа иста манифестација можев само да се појавам и да пукам како во учесниците, така и во публиката. Но од оваа манифестација дојдов до заклучокот дека опсесијата со јадење им е болест и тоа таква каква што канадскиот систем радо ја сервира. Од мали нозе децата се тренираат да бидат саможиви индивидуи, па кога ќе дојдат во одредени години, на им останува ништо друго освен да јадат. Најевтината забава. Која е безбедна. Сексот е премногу ризичен. Дружбата површна и пресметана

Дружејќи се со Канаѓаните, забележав дека никој од нив нема ниту еден пријател од средно, или не дај боже, од основно. Тие се инертни зомбија кој со својот површен лајфстајл си овозможуваат на себе едноставен премин од живот во Алцхајмер, па во смрт. Сите ги чека истата судбина. Бидејќи животите што ги водите се толку имбецилно исти.

Дома – школо – соба – кревет додека се мали, дома- работа –тв – кревет, кога се во позрели години. За викенд шопинг центри и избезумено губење на време во истите. Патувањата се прескапи и мал број Канаѓани можат на себе да си го дозволат. Затоа гардеробата „made in China“ е на големо достапна.

Не, тие не се жалат на својата држава први. Но кога ќе почнам да зборувам за висината на даноците и трошокот на животот, тие се отвораат и сите се незадоволни. Сите се во долгови и не можат да мрднат никаде од своите хипотеки и силни кредитни картички, кои ги трошат на непотребни работи како не би си во животот нешто убаво дозволиле. Да, и тука слушнав дека немаат доволно пари да платат заболекар на своите деца. А јасно е и зошто. За четири кариеса на моето четиригодишно дете ми дадоа сметка од 3.200 долари.. И така, тоа не е забавно. Стандардот е само голема куќа и кола, и тоа на кредит. За се останато џебовите се празни.

Доктори… Да видите специјалист – еднакво е на можноста земјата да ја погоди некој астероид. Кога ќе стигнеш до бараниот доктор, очекуваш армагедон. За се се чека по илјадници години. Канаѓаните кои имаат многу пари на ЦТ и магнетна резонанца одат во САД бидејќи тука се чека и по две години на ред. Пломба за возрасни чини околу 700 долари, имплант од 5 до 15.000. Просечна годишна плата за Канаѓаните е околу 50.000 долари. Данок за куќата околу 4000 долари годишно. Од тие 50 – данокот е околу 13.000, а од 37.000 годишно не можеш ни да јадеш мекици преку цела година.

Досадни броеви, но морав да ги споменам. Месечно за хипотека и лизинг за колата – многу, градинка 1.200 долари МЕСЕЧНО, па оној кој сето тоа може да го плати, навистина е цар. Најнормалниот живот да отпатувате некаде и да живеете без кредитни картички би ве чинел некаде измеѓу 150 и 200.00 долари годишно. Ахахаха, но навистина е така!

Многумина се несреќни. Сакаат дома. Не им се оди само на оние на кои им е сеедно дали се живи или мртви и на оние кои дома немале ни вода за пиење. А снежните бури и елени. Тоа не е измислена приказна, канадската клима навистина е пеколна. Кога наутро ќе нанесе снег.. надвор минус 40.. Па ти, копај Мишко, развали!

Кафеаните безлични, улиците пусти. Во главниот град на Канада, во кој живеам, летниот програм на еден измислен плоштад веќе седам години го пополнува еден ист акробат. Кога ќе го видам него и анорексичната девојка од публиката, 7 дена не можам да спијам. Добивам анксиозен напад, трипувам дека сум на Денот на дабарите. Затоа и престанав да пушам. Ја отворам наутро гаражата кога ќе запалам, и секогаш иста слика.

Секое утро „Добро утро, кампери.. good morning campers “ Би сакала барем еднаш да се појави Бил Мареј, но него го нема. Сликата е неподнослива.

Едно такво утро ја избричев мојата руса коса долга половина метар. Машинката на мојот драг маж ја избричи мојата глава. Ова е само мал сегмент од она што ме враќа назад. Ах, да, слобода да дишеш и мислиш е неприкосновена на Балканот. Го сакам со сето срце. Еве ме, моја бедо и јаду, се враќам назад дома, повторно да бидам слободна и жива.

Омилениот човек во мојот живот ми зборуваше: Мако, секаде е исто, се носиш самата себеси, но сепак, запомни, најдобро е кога си меѓу своите.

(Милица Добријевиќ/Pasarella.rs)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail