Истражувачи направија соларен уред за правење вода во пустините

solaren-ured.jpg

Соларен уред ќе ги спаси пустините од проблемите со недостиг од вода. Деветмина научници од Институтот за технологија од Масачусетс (МИТ), King Abdulaziz City for Science and Technology и Универзитетот Беркли дизајнираа уред кој прави вода од воздухот дури и ако влажноста на воздухот е само 20%.

Металоорганските елементи се напаравени уште пред 20 години, а сега во комбинација со кристали од истиот материјал се прави вода дури и во најсуви предели. Во уредот се ставаат околу килограм кристали и се компресираат меѓу соларен апсорбер и чинија за кондензација за да се добијат околу 4 литри вода за 12 часа.

На многумина ова можеби им се чини не толку револуционерно, но за луѓето кои се заглавени во пустина значи живот. Еден човек има потреба од најмалку 330 милилитри или една чаша вода дневно, а тоа количество би можело да се добие за помалку од еден час со овој систем.

Во моментов нема друг начин да се добие вода во пустина поради ниската влажност. Дома имаме апарати кои ја отстрануваат влагата или го навлажнуваат воздухот, а овој уред се напојува со енергија од сончевите зраци. Тестовите спроведени во MIT веќе покажаа дека уредот функционира.

Една од визиите на креаторите е во иднина вакви уреди да се наоѓаат во секој дом и да ги задоволуваат потребите за вода на едно домаќинство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail