Истражувањата потврдија: Најтешки се факултетите од стручните области, а најлесени социјалните науки

ecba58a3f32e6341383e577a9a4646e112886d99.jpg

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Индијана покажува колку студенти неделно во просек инвестираат време во учење, пишување трудови и други обврски.

Познато ни е дека не е лесно да се биде студент и дека треба доста одвоено време за учење, некаде повеќе, некаде помалку. Секојдневната работа придонесува подобри резултати на факултетот, а добрите предавања помагаат во совладувањето на материјалот. Секој студент на својот факултет има предмет кој е доста тежок, а исто така постои разлика и од факлултет до факултет во однос на тежината на самите предмети. Додека на едни студенти од еден факултет им треба цел месец подготовка за еден испит, на други од друг факултет им е потребно само недела или две.

На Универзитетот во Индијана е спроведена студија на повеќе од илјада студенти, во која се истражувало времето на студентите посветено на учење, читање, пишување трудови и сите други обврски во врска со студирањето. Според добиените резултати, најтешко им е на студентите кои студираат архитектура, следни на листата се инженерите, додека најдолу на листата се наоѓаат факултетите на социјалните науки.

Подолу ви пренесуваме колку часа неделно во просек студентите поминуваат учејќи во различни факултети:

 

  1. Архитектура- 22.2
  2. Хемиски инжинерство- 19,66
  3. Физика- 18,62
  4. Астрономија- 18:59
  5. Биохемија и биофизика- 18:49
  6. Хемија- 18:06
  7. Биомедицински науки- 17:35
  8. Музичка уметност- 16.69
  9. Статистика- 16:55
  10. Биологија- 16:51
  11. Математика- 16.5
  12. Компјутерскo инженерство и технологија- 16:46
  13. Медицина-16: 41
  14. Филозофија- 16:18
  15. Француски- 15,75
  16. Компјутерски науки- 15:38
  17. Англиски- 15:18
  18. Историја- 14,84
  19. Економија- 14,73
  20. Veterina- 14:42
  21. Политички науки- 14:23
  22. Психологија- 13.93
  23. Финансии 13.78
  24. Право-13,73
  25. Социологија- 13:45
  26. Маркетинг- 12,71
  27. Социјална работа-00:31
  28. Односи со јавноста и огласување- 12.17
  29. Спортски менаџмент- 11:02

Можеби сме малку изненадени од резултатите од истражувањето во некои области, но јасно е дека за да се заврши еден факултет не е воопшто лесно, и е потребно доста време и труд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail