Истражување на Универзитетот во Њујорк: Од вируси до кокаин – кога ќе видите што се има на парите кои секој ден ги допираме, ќе се згрозите

dolari-evra.jpg

Тоа се салмонела, стафилокока, ешерихија коли и пропионибактериум акнес, односно бактерија која предизвикува настанување на акни, но и многу повеќе од тоа.

Резулатите од научната студија, објавени во април, која ја спроведе Универзитетот во Њујорк, покажала дека на банкнотите кои кружат низ Њујорк се наоѓаат стотина различни бактерии, пренесува Дејли Мејл.

Тоа се салмонела, стафилокока, ешерихија коли и пропионибактериум акнес, односно бактерија која предизвикуца настанување на акни, но и многу повеќе од тоа.

Траги од кокаин се пронајдени на 80 посто од банкнотите, а забележани се и траги на морфиум, хероин, метамфетамин и амфетамин. На листата се наоѓаат и остатоци од храна, ДНК траги од куќни миленици и траги од фекалии.

Иако тешките болести често не се пренесуваат преку пари, научниците ќе пробаат да најдат најдобар начин за чистење на банкнотите помеѓу трансакцијата.

Изложување на старите банкноти на јаглен-диоксид на одредена температура и под одреден притисок, ќе доведе до ослободување од маслото и прљавштината која стигнува до човечките прсти, додека високите температури ги убиваат микробите, кои инаку несметано би можеле да опстанат на парите.

Советот на истражувачи советува после допирањето на парите секако да избегнувате контакт со кожата, а кога ќе стигнете добро измијте ги рацете.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail