srcev-udar.jpeg

Во случај на срцев удр, секоја секунда е важна, што значи дека каснење на возилото од брза помош може да биде фатално. Долго чекање на брза помош, во руралните краеви е познат проблем во Америка, но и во други земји во светот.

Студијата спроведена минатата година, покажала дека пациентите кои живеат подалеку од големите градови, на таков вид помош чекаат двојно подолго.

Но, новата студија во целиот проблем, воведува уште еден факт – богатство, односно сиромаштија.

Научниците од Универзитетот во Сан Франциско ги испитувале реакциите на вработените во одделот за брза помош, во 63.000 случаи кога биле повикани поради срцев удар. Особено го мереле времето кое му било потребно на амбулантното возило, од позивот да стигне до локацијата на пациентот. Потоа го мереле времето од пристигнувањето до заминувањето од локацијата, па времето кое поминало од моментот на напуштањето на локацијата до болницата и на крајот вкупното време потребно за делување на брзата помош.

Резултатите биле запрепастувачки

Имено, на диспечерите им требале четири минути повеќе за реакција на повик од пациенти во посиромашни населби, во однос на оние побогатите, а вкупно на брзата помош ѝ требало 10% повеќе време за излегување на терен во случај на повик поради срцев удар во посиромашни населби.

„Како општество, можеби веруваме и се надеваме дека јавните служби, како што е брзата помош, им се еднакво достапни на сите, но нашиот резултат покажува дека тоа не е случај, дури ниту во потенцијално фаталните ситуации, како што е застанување на срцето“, изјавила докторка од брзата помош и професорка на UCSF, Рене Хсија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail