Истражување за коронавирусот на Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија

LOGO-PNG-e1589801205175.png

Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија спроведува истражување за коронавирусот.

Учеството во оваа студија е доброволно. Заинтересирани сме да откриеме какви се Вашите чувства и однесувања во врска со коронавирусот и останатите болести. Во прашалникот терминот коронавирус се однесува само на  новиот КОВИД-19, а не на останатите вируси од групата на коронавируси.

Вашите одговори и податоци  се анонимни и доверливи и ќе се користат само за истражувачки цели. Можете да го прекинете истражувањето во кое било време и без никави последици. Пополнете го прашалникот доколку сте на возраст од 18 години или повеќе.

Во прилог е линкот до електронската верзија на прашалникот за коронавирусот:

https://cutt.ly/euclid-macedonian

Ви благодариме однапаред за Вашето учество и соработка.

Срдечно,

Истражувачки тим, Универзитет Американ Колеџ Скопје

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail