ИТ настан: Стартапи од цела Македонија, обединете се!

statap.jpg

Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија на стартап дружење во вторник, на 07.02.2017! Oвој настан е дел од Startup Europe Week – Skopje 2017, кој се одржува низ цела Европа во втората недела на февруари.

„Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична стартап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме“, велат организаторите.
Како панелисти кои ќе го претстават својот стартап и искуството како е да се гради компанија од различни градови, се најавени:

Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA и член на Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА, oд Битола. Петар работи на првата македонска AAA игра Sonder, чие демо може да погледнете тука.
Благоја Стојчевски, ко-основач на Тримод Тим од Битола. 3Mode е стартап кој беше основан пред една година, се занимаваат со дизајн на електроника и изработство на принтани печатени кола.
Резервирај.мк, прилепчани и еден демирхисарец што работат во Скопје. Резервирај.мк е стартап кој се гради веќе една година и кој излезе на пазарот како платформа преку која може да се резервираат маси по рестораните.
Гого Рафајловски од SEEU TechPark од Tетовo. SEEU Tech Park е технолошки парк преку кој им се помага на индивидуални претприемачи и организации да развијат компетитивни стартапи.
Покрај стартапите кои ќе споделат искуство, најавени се е и презентација на стартап ресурси од:

Microsoft Macedonia кои ќе ја претстават својата BizSpark програма за стартапи. Преку оваа програма стартапите можат да аплицираат за бесплатен софтвер.
Студентската организација AIESEC Macedonia која ќе ја претстави својата програма за глобално претприемаштво. AISEC сака да отвори соработка со македонски стартапи за практикански позиции на младите претприемачи.
CEED Hub Skopje кои ќе ја претстават нивната нова акцелераторска програма за развој на стартапи во зачетна или рана фаза.
Настанот Startup Macedonia – the importance of diverse interconnectivity се организира во рамките на Startup Europe Week – Skopje 2017. Eвропската стартап недела завршува во петок, на 10.02 кога ќе има голема конференцијa на која ќе бидат претставени инвеститори, медиуми, стартапи и ко-воркинг простори кои ја градат локалната стартап заедница.

Startup Europe Week – Skopje 2017 се организира со соработка помеѓу Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Euro Macedonian Knowledge Innovation Center – EMKICE & Inception Enterprise.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail