Италијански Париз и престолнина на чоколадото: 13 занимливости кои можеби не сте ги знаеле за Торино

Wgt5p-hero-1.jpg

Овогодишниот избор за песна на Евровизија се одржува во италијанскиот град Торино, а овој по малку потценет град има што да понуди.

Торино, францускиот архитект Ле Корбизје го опишал како град со најубава природна локација и го нарекувал „мал Париз“.

Во продолжение, ви претставуваме 13 интересни факти за Торино:

1. Прекрасните градби и палати сведочат за историјата на Италија, а една од најпознатите е Ступиниџи која се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Некои од најпознатите плоштади на кои ќе наидете се Виторио Венето и Санта Тереза.

2. Во Торино се наоѓа вториот најзначаен египетски музеј, веднаш по оној во Каиро. Задолжително посетете ја Галеријата на саркофази за да видите некои од исклучително добро сочуваните гробници, а за љубителите на филмот тука е и одличниот Национален музеј на кинематографија.

3. Торино е еден од ретките италијански градови кој има ограничен број на градби и локалитети од стариот Рим, средниот век или ренесансата.

4. Во 1861 година, Торино е прогласен за прва престолнина на обединета Италија. Во 1865 година, престолнината била преместена во Фиренца и конечно во 1870 година – во Рим.

5. Торино е четврт град по големина во Италија, зад Рим, Милано и Неапол.

6. Познат како Детроит во Италија, Торино е седиште и главен производствен центар на Фиат.

7. Првиот кино блокбастер „Cabiria“ од 1914 година бил снимен токму во Торино.

8. Фудбалскиот тим Јувентус од Торино е најуспешниот тим во историјата на Италија, со 28 национални титули.

9. Торино на италијански јазик значи „мал бик“.

10. Регијата Пиемонт чиј главен град е Торино е дом на белите тартуфи, една од најретките намирници на светот.

11. Торино е родно место на чоколадото кое денес го знаеме. Чоколадото се произведувало во Торино уште пред да започне неговото производство во Швајцарија.

12. Вермутот настанал токму во Торино и е делумно одговорен за активната „аперитив“ култура на градот.

13. „GROM“, познатиот ланец на сладоледи го започнал своето слатко патување токму тука, па затоа не пропуштајте прилика да ги пробате нивните десерти доколку некогаш ве носи патот кон овој град.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail