Ивана на работа во Германија – Моето срце е големо како куќа не заради еврата, туку заради тоа што го ценат мојот труд

ivana.jpg

Ивона Бедњанец на возраст од 29 години од Славонски Брод,  веќе година дена работи во Германија.

Работи во Бад Зекинген како поштар. Веднаш добила и автомобил, а работела од 8 до 17 часот. Девојката раскажува дека за кирија морате да имате пари, затоа што се плаќа однапред за три месеци.

„Повеќето станови не се опремени и мора да купите од игла до локомотива. Седум месеци подоцна јас уште се опремувам“ – вели Бедњанец.

Таа додава дека не било лесно, но не било ни многу тешко. Сите со кои разговарала за својата работа раскажувале дека првата година е најтешка.

„Јас се надевам дека секоја следна година ќе биде подобра, макар и иста, само да не биде полоша. Една година е зад мене, а сакам уште многу. Успевам да се разберам на германски јазик, иако не посетувам курсеви, сама научив. Кога ќе го усовршам јазикот, ќе гледам да си остварам некои свои соништа“ – вели таа.

За 10 месеци шефот ја наградил затоа што добро се покажала.

„Моето срце е големо како куќа. Не заради еврата, туку заради тоа што го ценат мојот труд“ – кажа Бедњанец.

Таа студирала, но не станала управен референт затоа што се испишала пред последниот испит.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail