Ивана отишла во Германија со последните 200 евра – Чистев куќи и воопшто не ми е срам

ivana.jpg

Ивана Тевих од Хрватска, пред неполни две години, во 33. година од животот почуствувала силна потреба за промена. Речиси 12 години работела во бутик, а потоа отворила и своја продавница, но како што самата раскажала, на крајот на месецот секогаш била на нула. Знаела дека тоа не е живот каков што сака.

Сакала да патува и да го види светот, го затворила бутикот, се пријавила во бирото и одлучила да размисли што да прави со својот живот.

– Тоа лето во 2015 година ми се јави тетка ми од Германија, која е самохрана мајка, и ме повика со себе и своето дете на море. И ги кажав своите дилеми, а таа рече: „Дојди кај мене три недели, ќе видиш дали ќе ти се допадне и што ќе правиш понатаму“, вели Ивана за хрватскиот портал Загорје интернешнл.

По три недели, раскажува таа, се вратила дома од море и им рекла на нејзините: „Мамо, тато, јас утре одам за Германија“. Таа не знаела германски јазик, а и требале два месеци за да ја најде првата работа, така наречена „мини џоб“, работа со која можеш да заработиш најмногу 400 евра и каде работодавачот не ти плаќа допринеси.

Пакувала кнедли за супа во една фабрика, но тоа не и било доволно бидејќи во Хрватска имала кредит кој го отплаќа, па со помош на нејзината тетка нашла пет куќи кои ги чистела секој ден по една.

Таа вели дека оваа работа многу жени денес ја работат, но се срамат да признаат.

– Тоа не е ништо страшно, чесно си заработуваш, и не беше лесно на почетокот. Дури потоа најдов работа во дом за стари лица , каде и сега работам. Работам во кујната каде подготвуваме оброци за луѓето. Имаме 120 корисници, јас ги ставам на чинија нивните пецива, им го носам до соба, некој час и половина сум на машината за садови и тоа е мојата работа, говори Ивана.

Јазикот, вели најдобро се учи кога си со луѓе, па денес многу добро говори германски.

– На почетокот признавам, имаше многу солзи, многу плачење, но сепак среќа беше што првите година дена живее кај тетка ми, па една на друга си помагавме. Случајно запознав германски пар каде што живеам сега. Тоа се прекрасни луѓе, а јас на нив сум им како ќерка. Ми рекоа сега кога заминував за Хрватска: „Оди дома, но врати се дома“.

Иако во Германија живеат многу Хрвати, Ивана вели дека го избегнува дружењето со нив.

– Во Германија преферирам дружење со Германци, и ги избегнувам Хрватите. На нив никако не можам да се потпрам. Ќе се договориме нешто, па потоа не е така, а со Германците имаш свој план, распоред и секогаш е така како што сте се договорил. Луѓе кои сакаат да се почитува договореното. Многумина ми велат, тебе ти е лесно, но не ми беше ниту малку лесно. Отидов со последните 200 евра и 2 куфери. И ништо не ми падна од небо, завршила Ивана.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail