Иво Андриќ: „Онаму каде што мразат, најмногу го мразат оној што не умее да мрази“

ivo-andric-compressed.jpg

Како да се започне воведот за Иво Андриќ, најпознатиот југословенски книжевник?

Иво Анриќ ја издигна југословенската книжевна сцена на пиедестал, покажа дека Балканот е извор на непресушни таленти, неговите дела се читаат и уште ќе се читаат, а со добивањето на Нобеловата награда за литература во 1961. година покажа дека без разлика од каде потекнувате, можете да ги остварите своите соништа.

Да пишуваме ли за неговиот долг и исполнет живот, за неговите награди и признанија или да ве оставиме да ѕирнете во некои од неговите најмоќни, најискрени мисли?

Ве оставаме да уживате во големите вистини на Иво Андриќ!

Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни и уште почудно е што токму тоа малку често ни недостига.

Животната сила на еден човек, покрај останатото, се мери и во неговата способност за заборавање.

Животот секогаш ни го враќа она што ние им го даваме на другите.

Жената стои како капија, на излезот и на влезот од овој свет.

Никогаш не можеш да му се донагледаш на ѕвезденото небо и човековото срце.

Моќта на лагата е разорна и заразна.

Сме стравувале за толку многу работи во животот. А, не требало. Требало да живееме.

Вредноста на убавината е во нејзината бескрајна разноликост во која ни се појавува.

Онаму каде што мразат, најмногу го мразат оној што не умее да мрази.

Големите празници и свечаните момемнти можат да ни покажат колку ни се далеку и оние кои ги сметаме за најблиски.

Раната која се крие, споро и тешко зараснува.

Не е најголема будала оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дека сè што ќе прочита е вистина.

Сè додека има мрак, ќе има и изгрејсонце.

Многумина имаат некаков нерасчистен долг со животот. Сепак, мислат дека ним, животот им е најголем должник.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail