Избрано ново раководство на противпожарниот сојуз на Македонија – Зоран Кочоски избран за Претседател на сојузот

zoran-kocoski.jpg

По неколкугодишна неактивност на Републичкиот Противпожарен сојуз на Македонија, предизвикана од објективни и субјективни причини, се најавува целосно возобновување и реорганизација на целиот систем на функционирање на Републичкиот и општинските противпожарни сојузи во Македонија.

Со изборот на Г-дин Зоран Кочоски за претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија и новото раководство на Сојузот, се очекува омасовување и интензивирање на активностите на сите нивоа од доброволното пожарникарство во Македонија.

Оваа витална и пред сè општествено корисна активност би значела многу во брзото спречување на шумските пожари низ Државата, но и во урбаните средини во случај на потреба од ангажирање на поголем број на обучени пожарникари.

„Имаме спремност максимално да се посветиме на враќањето во функција на доброволното пожарникарство во Македонија и да ги примениме сите Европски стандарди во овој сектор“ – изјави новоизбраниот претседател на Сојузот Г-дин Зоран Кочоски. „Ако сакаме да бидеме дел од Европскиот систем за заштита и спасување, час поскоро треба да поставиме нова национална стратегија и да го омасовиме доброволното пожарникарство во Македонија. Процесот ќе бара активно вклучување на државните институции во овој сегмент и будење на свеста кај еден дел од популацијата дека се што постои во Македонија е наше и мораме да се потрудиме да го заштитиме“ – потенцираше новоизбраниот Претседател.

Противпожарниот сојуз на Македонија постои од 1836 година и низ изминатите 186 години од постоењето поминал низ повеќе етапи на развој.

Состојбата во моментов со доброволното пожарникарство во Македонија е на многу ниски гранки по број на активни доброволни противпожарни друштва, членство и материјална опременост на друштвата. Секако најголем проблем во функционирањето на ДППС – претставува и непостојаното финансирање кое во секој случај е обврска на Државата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail