Издизајнирајте лого за Авалон продукција и добијте 2 доживотни карти за сите нивни концерти

avalon-600x330.jpg

Во 2018 Авалон Продукција полни 25 години и на славеникот му е потребно ново лого за таа пригода.

Затоа Авалон Продукција те покануваат да се пријавиш на конкурсот за дизајн на лого, кое ќе биде дел од нивните маркетинг и промотивни материјали за 2018 година, што значи дека ќе се појави на сè – од постери, билборди и флаери, до промоција на нивните настани на социјални медиуми.

Победникот на конкурсот ќе биде награден со две специјално дизајнирани доживотни карти за сите идни концерти на Авалон Продукција, кои ќе се одржат не само во Македонија, туку и на Балканот.

Бидејќи се работи за дваесет и пет годишен јубилеј на Авалон Продукција, за инспирација може да го искористиш логото кое го имаа изработено по повод 20 години постоење. Исто така, препорака на Авалон Продукција е при изработката на новото лого да ги користиш нивните веќе препознатливи бои, но сепак отворени се и за нови, свежи и иновативни идеи и предлози.

Твојот предлог-дизајн може да го испратиш на аvalonmkevents@gmail.com најдоцна до 27 ноември 2017, а на истиот мејл може да се обратиш и доколку имаш било какво прашање.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top