Изгубен град на Александар Велики пронајден во Ирак

zagubengrad-irak.jpg

Она што изгледа како необична последица на нечија невнимателност, е всушност град основан од Александар Велики, кој останал неоткриен повеќе од 2000 години.

Населбата опколена со ѕидини Калата Дарбанд, што се наоѓа во северен Ирак, и која била позната по трговијата со вино, остана непозната за историјата се додека археолозите од Британскиот музеј не ја открија со помош на дронови.

Археолозите го испитуваа тој изгубен град преку сателитски шпионски фотографии направени во 60-те години на минатиот век за воени цели, од страна на американската Влада, а кои беа декласифицирани и објавени во 1996 година. Но, експертите некако ја загубија трагата.

Археолошките ископувања не беа возможни кога Ирак беше под контрола на Садам Хусеин, а таа состојба остана иста и по инвазијата од САД во 2003. Работите се променија кога оние кои се задолжни за обезбедување, побараа од Британскиот музеј да отпочне истражување на наоѓалиштето, како дел од тренингот за Ирачани кои по потреба ќе мораат да ги заштитуваат археолошките локации оштетени од Исламската држава.

Водачот на британската владина Тренинг програма за итен менаџмент на наследството во Ирак, Џон Мекгинис изјави дека сега првпат приправниците помогнале да се утврди дека градот постоел и тоа најверојатно во првиот и вториот век пред нашата ера. Градот најверојатно бил изграден на рутата на Александар Македонски од 331 п.н.е., на која и се случил прогонот на Дариј Трети Персиски, кој пак, бил поразен во Битката кај Гавгамела.

Статуите на грчко-римските божества и теракотните покриви укажуваат на силно грчко влијание, што укажува дека првите жители на градот, биле поданици на Александар и неговите наследници.

Тимот археолози ја утврди локацијата на закопаниот град со дрон со камера. По преработката на сликите, експертите под житното поле откриле големо правоаголно здание.

– Дронот ни обезбеди одлични информации. Пролетоска го покривме цело наоѓалиште користејќи дрон. Ознаки за анализа досега не се користени во „месопотамската археологија“, рече Мекгинис.

– Онаму каде што има подземни ѕидови, пченицата и јачменот растат помалку, а тоа се забележува преку нијансните разлики (на снимките од дронот), дополни тој.

Првите претпоставки дека на тоа место има град, се појавија пред три години. Но, неговата големина, густина, како и содржината не можеа да се претпостават. А, пронајдени се и други големи зданија со ѕидини и камени направи за произодство на вино. Тимот сега се врари на локацијата и веќе започна со потрага по нови сознанија.

– Се уште е рано, но мислиме дека станува збор за раздвижен град на патот од Ирак кон Иран. Можете да ги замислите луѓето како ги снабдуваат војниците кои минуваат оттука… Она што ние би сакале да го имаме, се јазични наоди, истакнува главниот археолог.

Највпечатливите артефакти се две статуи. Едната ја прикажува Персефона, грчката божица на флората и жена на Хад – богот на подземјето. Другата е акт и веројатно го претставува ликот на Адонис, величенствениот симбол на плодноста.

Експедицијата е договорена во 2015 година и има буџет од три милиони фунти, средства обезбедени од британската Влада. Целта е да му се помогне на Ирак да се справи со уништувањето на археолошките наоѓалишта од страна на ИД, каков што беше случајот со Нинева, Нимруд и Хатра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail