ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

sparkase.jpg

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ ПО КРЕДИТИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА, ДИРЕКЦИЈА ЗА КРЕДИТНА И ДЕПОЗИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА, СЕКТОР ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ
(позиција во Централа – Скопје, определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– ВСС, Правен факултет, Правосуден испит;
– Најмалку 2 години работно искуство во конкретна област;
– Добро познавање на позитивната законската регулатива поврзана со должничко – доверителски односи и обезбедување на пласмани на Банката;
– Познавање на (Microsoft Office, Outlook Express), активно или пасивно познавање на Англиски јазик;

Опис на работно место/одговорности:

– Врши прием и анализа на потребната документација за обезбедување на кредитни продукти на Банката;
– Дава оценка и мислење за понудено обезбедување за конкретен кредитен продукт;
– Дава предлози за унапредување на обезбедувањето на кредитните продукти на Банката адекватно на можностите кои ги нудат позитивните законски прописи
– Учествува во дефинирање на специфични заштитни клаузули во Договори и Нотарски акти;
– Ја застапува Банката пред надлежен Нотар заради обезбедување на пласмани на Банката;
– Врши претходна проверка на Нотарски акти за обезбедување на пласмани на Банката;
– Изготвува разни видови Согласности во врска со имоти заложени во корист на Банката по извршена проверка на достаена соодветна документација;
– Изготвува Изјави за бришење на воспоставено заложно право во корист на Банката по извршена проверка на доставена соодветна документација;
– Води Регистер на воспоставено заложно право во корист на Банката по основ на дадени кредитни продукти и издадени пласмани;
– Ги следи писмените објави во јавните и стручни гласила кои се однесуваат на работењето на Банката или државни институции и правни и физички лица кај кои Банката пласирала средства;

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 28.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 29.12.2017 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Краен рок за пријавување до: 29.12.2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail