Изложба во најава: Уметнички слики за модерен дом

rejuvenation-art-exhibition-1.jpg

Изложбата „Rejuvenation“ на Моника Ризовска е уште една можност да се запознаеме со новите дела на оваа уметница која секоја година на своите изложби успева да долови разнолик колорит совршен за секој модерен и современ дом. Нејзините дела се со богата префинета ликовна имагинација и како таква пренесуваат позитивна енергија, емоции, соништа, замисли и копнежи.

„Rejuvenation“ изложбата е од отворен карактер, а ќе биде отворена на 11ти ноември од 20ч. во Концепт 37. Оваа изложба ќе биде прикажана и на апликацијата InRoomPreview, преку која посетителите визуелно ќе можат да видат како ќе изгледа сликата во нивниот дом или просторот каде ќе сакаат да ја постават.

Ќе бидат изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил. Овие дела се сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнуваат акцент на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните, розевите и жолтите бои, а некои од сликите имаат и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.

Повеќе за делата на Моника Ризовска може да погледнете на инстаграм профилот и нејзината FB страна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail