Изложба графики на Стефан Јакимовски во Крива Паланка

133027411-37929.jpg

Во Градскиот музеј на Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата графики „Дневник 8“ на младиот автор од градот Стефан Јакимовски.

Изложени се десет дела работени во три графички техники, а поставката всушност претставува дипломски труд на Јакимовски.

– Годината ја почнавме со кривопаланчанец, а така и ја завршуваме, со и зложба на младиот автор Јакимовски. Предвечерието на големиот празник Свети Климент Охридски го одбележуваме со уметничко творештво бидејќи Св. Климент е прдвесник на она што се вика култура и творештво во Република Македонија, изјави директорот на Музјето Драган Величковски.
Изложбата опфаќа десет дела работени во дрворез, линорез и бакропис. – Секое дело го претставува месецот во кој е работено, така и се именувани, а содржат симболи на нешта кои се случуваа во мојот приватен живот во секој од тие месеци. Како целина делата го отсликуваат она што го работев во четвртата година од студиите на Факултетот за ликовни уметности, рече Јакимовски.
Со ова се затвора изложбената програма на ЛУ Градски музеј Крива Паланка за 2016, а поставката ќе биде изложена во уметничката галерија до средината на јануари следната
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail